Кампања во Швајцарија за „повисоки“ плати на македонските текстилци

Швајцарската невладина организација „Декларацијата од Берн“ бара повисоки плати за вработените во македонската текстилна индустрија.
Во Швајцарија, околу два милиони луѓе, скоро половина од активното население носи униформи или работни блузи напревени во најголем дел во Македонија.
„Декларацијата од Берн“ спроведе студија за да дознае каде се изработува оваа облека, која е симбол и често гордост на државните претпријатија или јавните служби. Организацијата ги покажа и тешките работни услови и слабата платеност на работниците кои работат во текстилните фабрики во Македонија кои се движат најчесто околу 122 швајцарски франци. Па и таму каде се платени повеќе од гарантираниот минимален личен доход, платите се далеку од потребните 600 швајцарски франци за достоен живот во Македонија, констатира Декларацијата од Берн