Финска попрво ќе ја напушти евро-зоната, отколку да плаќа туѓи долгови

Финска нема намера да плаќа за долговите на другите земји од евро-зоната и доколку тоа од неа се бара, ќе ја напушти заедничката валута. Ова го изјавил финскиот министер за финансии Јута Урпилаинен, во интервју за финските весници. Финска смета дека еврото е корисно и сака да остане во евро-зоната, но нема намера да плаќа за никого и можни се сите сценарија, изјави Урпилаинен. Таа додаде дека колективната одговорност за долговите, економиите и ризиците, засега не може да функционира.