Оланд: Башар Ал Асад мора да си оди!

Францускиот претседател Франсоа Оланд повика денеска на заострување на санкциите против режимот на сиријскиот претседател Башар Ал Асад, како и на поголема подршка на бунтовниците. На отворањето на состанокот во Париз, посветен на кризата во Сирија, на кој учествуваат претставници на околу 100 држави и организации, како претставници на сиријската опозиција, Олнад изјави дека Башар Ал Асад мора да си оди. Тоа е од интерес на Сирија, на нејзините соседи и на сите оние што сакаат мир во регионот, изјави Оланд.Тој се заложи и за зголемување на хуманитарната помош за Сирија.