Пожарите во Колорадо под контрола

Големите пожари што опустошија делови од западно-американската држава Колорадо се во голема мера под контрола. Пожарникарите соопштуваат дека 90 проценти од пожарите околу Колорадо Спрингс се изгаснати, а силните грмотевици се очекува да им помогнат на повеќе од 700 пожарникари да ги стават под контрола преостанатите жаришта. Пожарите уништија 350 домови во Колорадо Спрингс, а 32.000 луѓе беа принудени да ги напуштат своите домови. Американскиот претседател Барак Обама прогласи федерална катастрофа минатата недела и го посети регионот кој е познат како зона на несреќата.