Епидемија на птичји грип во Мексико

Во епидемија на птичји грип во западно Мексико инфицирани се 2, 5 милиони пилиња, а властите уништиле околу милион птици. Министерството за земјоделство потврди дека во западниот дел од државата биле прегледани 129 фарми, кои веднаш се ставени во карантин. Епидемијата на птичји грип влијаеше на драстичниот скок на цените на пилињата и јајцата.