"Пријателите на Сирија" барат помош за сирискиот народ

Официјални лица од Западно арапските држави кои бараат соборување на сирискиот претседател Башар ал-Асад, денеска ќе се состанат во Париз, на третиот состанок на "Пријателите на Сирија." Францускиот министер за надворешни работи Лорен Фабиус изјави дека разговорите ќе се фокусираат на конкретни чекори за да му се помогне на сирискиот народ, вклучувајќи и набавка на опозицијата со комуникациска технологија. Фабиус изјави дека стотина претставници од опозициските партии во Сирија ќе учествуваат на состанокот. Според најавите очекувано е американскиот државен секретар Хилари Клинтон да изврши притисок за построги меѓународни санкции против Асад. Русија и Кина, земјите кои ги блокираа повеќето акции против Асад, нема да бидат присутни во Париз.
Во пресрет на средбата, Амнести интернешенел повика на ембарго за оружје на сириската влада и за претпазливост околу вооружувањето на бунтовниците.