Јапонија по два месеци повторно вклучи нуклеарка

Демонстрант го прославува исклучувањето на сите нуклеарки во Јапонија на 6 мај во Токио.

Јапонија повторно почна да произведува струја од нуклеарно гориво откако беше вклучен еден реактор на западот на земјата, по двомесечното безбедносно исклучување на сите постројки по катастрофата во Фукушима. По ланската катастрофа, реакторите беа исклучувани еден по еден поради безбедносни проверки, за пред два месеца да бидат исклучени сите. Во јавноста има голем отпор за рестартирање на нуклеарните капацитети, но владата одлучи да вклучи два реактори за да спречи можен недостиг на струја во летниот период.