Пожари на турско - сиријската граница

Турски пожарникари се борат со неколку пожари на турско-сириската граница, избувнати на места низ кои минуваат сириски бегалци. Според Мехмет Харби, претставник на турските власти за шумите, пожарите се подметнати и почнале на четири различни места во Сирија во близина на границата со Турција. Огнот брзо се проширил до Турција поради силните ветрови. Турската државна телевизија ТРТ објави дека пожарите ги предизвикале најверојатно сириските сили со цел да ги спречат сириските бунтовници од регионот да пребегаат во Турција.