Договорена најниската откупна цена на пченицата

Најниската откупна цена на пченицата ќе изнесува 14 денари за килограм, договорија денеска производителите и мелничарите. За поквалитетниот род лебно жито ќе се плаќа повеќе. „Двете страни постигнаа договор за дефинирање минимум 14 денари откуп по принципот „видено-купено“ или пченица со најнизок квалитет. Секоја пченица што е со повисок квалитет ќе добие повисока цена. Бидејќи во источниот дел на Македонија веќе се откупува пченицата но со пониска цена, ќе се ревидира во зависност од нејзиниот квалитет“ изјави ресорниот министер Љупчо Димовски кој присуствуваше на состанокот.