Европратениците против АКТА

од уличните протести против АКТА

Мнозинството пратеници во Европскиот парламент гласаа против контраверзниот глобален пакт за борба со интернет пиратеријата. Вкупно 478 пратеници се изјаснија против договорот кој во јавноста е познат како АКТА, додека 39 гласаа за а 165 беа воздржани. Критичарите забележуваат дека слабо формулираниот глобален договор остава простор за различни интерпретации што би довеле до ограничување на слободата на интернет.