Над 70 лица затруени во Грузија

Грузиското министерство за здравство соопшти дека 73 лица биле хоспитрализирани поради труење со хлор во компанија за водостопанство. Истекот на хлор настанал поради расипана славина на еден од резервоарите во прочистителната станица во близина на Тбилиси. Властите соопштија дека половина од хоспитализираните биле во автобус кој поминувал низ комплексот. Дваесет деца се однесени во болница.