Волерс-пријателството меѓу САД и Македонија не е површно

Aмериканскиот амбасадор Пол Волерс

Aмериканскиот амбасадор Пол Волерс изјави дека пријателството меѓу САД и Македонија не е површно. Тој на прославата по повод Денот на независноста на неговата земја порача дека САД се горди на партнерството со Македонија и дека очекуваат да видат што ќе постигнеме откако ќе го заземеме своето заслужено место на масата, како рамноправна членка на евро-атлантската заедница.
На прославата присуствуваше државниот врв, дипломатскиот кор во земјава, како и претставници на верските заедници и на бизнис и културната елита на Македонија.