Јапонија протестира за посетата на Медведев на Курилските острови

Рускиот премиер Дмитри Медведев

Јапонските власти го повикаа рускиот амбасадор во земјата да им изрази жалење за посетата на рускиот премиер Дмитри Медведев на Курилските острови, за кои Јапонија тврди дека се нејзини.
Јапонското министерство за надворешни работи соопшти дека посетата на Медведев ќе резултира со заладување на односите меѓу двете земји.