Претрес на домот и канцеларијата на Саркози

Француската полиција изврши претрес на канцеларијата и домот на поранешниот претседател Николас Саркози, кој е под истрага по обвиненија за илегано финансирање на политичката кампања. Судијата Жан Мишел Генти заедно со полициските инспектори го извршиле претресот, јавуваат медиумите, повикувајки се на неименувани извори. Истрагата се одвива околу обвиненија за илегално финансирање на кампањата на Саркози за изборите во 2007 година.