Дачиќ: Нема да го вратам мандатот за состав на влада

Лидерот на српските социјалисти Ивица Дачиќ изјави дека нема да го врати мандатот за состав на нова влада само затоа што некој жали за големата коалиција. „Ако имам мнозинство за формирање влада, значи го имам. Ако го немам, тогаш не одам на нови избори и ќе видам за кого ќе гласа народот - дали за оние кои имаат поддршка од странство, а немаат во својата земја или обратно“ рече Дачиќ по разговорот со лидерот на Обединети региони на Србија (ОРС) Млаѓан Динкиќ.