Амнестирани политички затвореници во Мјанмар

Претседателот на Мјанмар амнестирал 46 затвореници денеска, од кои, според про демократските активисти во земјата, 23 биле политички затвореници, јави Ројтерс. Шефот на државата дополнително амнестирал 34 странски затвореници, јавија тамошните медиуми. Од мај минатата година во Мјанмар беа ослободени 650 политички затвореници.