Состанок на сириската опозиција во Каиро

Каиро - состанок на сириската опозиција

Членовите на сириската опозиција го продолжуваат состанокот во Каиро организиран од Арапската Лига за заеднички став за политичка транзиција во конфликтната Сирија.
Во меѓувреме Хјуман Рајтс Воч соопшти дека тортурата врз цивилите е станата државна политика во Сирија и дека тоа треба да се третира како злостор против човештвото од страна на Меѓународниот Кривичен Суд.
Имено ХРВ соопшти дека од сведоци и бивши затвортеници се идентификувани 27 затворски центри во Сирија во кои под управа на разузнавачките служби се врши тортура.