САД ќе лобираат за „голема коалиција“ во Србија?

Пратениците на американската државна секретарка Хилари Клинтон, Филип Рикер и Филип Гордон, неделава пристигнуваат во Белград, каде со клучните политички актери ќе разговараат за формирањет на идната влада на Србија, и како што пишуваат белградските медиуми, ќе го пренесат ставот на Вашингтон во корист на формирањето таканаречена голема коалиција.
Според неофицијалните информации, помошникот на државниот секретар Филип Гордон доаѓа во недела, на 8 јули, а веќе денеска во Белград пристигнува и неговиот заменик Филип Рикер, кој како што пишува весникот „Блиц“, ќе се сретне со лидерите на СНС и ДС, Александар Вучиќ и Борис Тадиќ, за да процени дали се уште може да се договори голема коалиција.
Рикер ќе се сретне и со Дачиќ, чии изјави за Косово, според сознанијата на медиумите, се многу проблематични за Вашингтон.
САД, наводно, не се задоволни со Дачиќ како премиер, и дека затоа ќе лобираат за влада на голема колаиција