Почнуваат консултациите за финасиската помош побарана од Кипар

Претставници на Европската Kомисија, Меѓународниот Mонетарен Фонд и Европската Централна Банка денеска почнуваат разговори во Никозија, на кои треба да бидат договорени условите за финаниската помош, побарана од Кипар.
Тимот на трите институции ќе има разговори со министри, претставници на државната администрација, Централната банка, политичките лидери и социјалните партнери.
На консултациите ќе се разгледуваат прашања поврзани со банкарскиот систем и финансиските потреби на Кипар на долгорочен план.