САД го осудија уништувањето на историски места во Мали

Традиционала градба заштитена од УНЕСКО во градот Тимбукту во Мали.

Соединетите држави го осудија чинот на уништување на историски места во Мали од страна на исламистички бунтовници. Стејт департментот ги повика сите страни да го заштитат културното наследство на Мали. Соопштението уследи откако исламистички бунтовници вчера го уништија влезот на Тимбукту џамија која датира од 15 век. Вратата на јужниот дел од џамијата е затворена со векови, затоа што според локалните верувања ако се отвори тоа ќе донесе несреќа.