Медалите за Олимпијадата се чуваат во Кралската ризница

Медалите за престојните Олимписки игри во Лондон се предадени на чување во Кралската ризница. Вкупно 4.700 златни, сребрени и бронзени медали кои ќе бидат поделени на најдобрите учесници на Олимписките игри, свечено со фанфари се предадени во Кралската ризница. Во ризницата се чуваат најдрагоцените предмети кои се во сопственост на кралското семејство, како што е кралскиот накит.
Иако медалите се специјално изработени за Олимпијадата и се со голема вредност, сепак медиумите оценија дека е претерано тоа што се однесени на чување во Кралската ризница.
Олимписките игри во Лондон ќе се одржат од 27 јули до 12 август.