Расмусен: Режимот на Асад го изгуби легитимитетот

Генералниот секретар на НАТО Андерс Фог Расмусен ја опиша кризата во Сирија како „најсериозен безбедноисен предизвик со кој се соочува Светот“. Тој изјави дека режимот на сиријскиот претседател Башар Ал Асад „ги има изгубено хуманоста и легитимитетот“, дополнувајки дека војната трае предолго и „чини многу животи“. Забелешките на Расмусен следат по меѓународната конференција во Женева во саботата на којуа се разгледуваше мировниот план за Сирија, документ кој предизвика негативни реакции кај сиријската опозиција.