Сарачини и Бериша разговарале за балкански БЕНЕЛУКС

Министерот за економија, Валон Сарачини

Формирање балкански БЕНЕЛУКС меѓу Македонија, Албанија, Косово и Црна Гора со цел отворање заеднички пазар од осум милиони жители, намалени транспортни трошоци и искористување на Драч и Бар како алтернативи за Солунското пристаниште, беше една од темите на денешната средба меѓу министерот за економија Ваљон Сарачини и албанскиот премиер Сали Бериша во Тирана. Сарачини и Бериша ги разгледале можностите за што поголемо повлекување пари од кинескиот фонд вреден 10 милијарди долари наменет за инвестиции во Југоисточна Европа, преку изготвување заеднички проекти. Се разговарало и за соработката во инфраструктурата, изградбата на патишта и енергетика.