Лукашенко на финалето во Киев

Претседателот на Белорусија Александар Лукашенко, за кого има ембарго за патување во земјите на Европската Унија, синоќа присуствуваше на стадионот во Киев, на финалето на Европското првенство во фудбал. На фотографиите, објавени во денешните украински медиуми, Лукашенко и неговиот 7 годишен син Николај, седат до грузијскиот претседател Михаел Саакашвили и други лидери од регионот на поранешниот Советски Сојуз. Инаку, вчера, припаднички на движењето Фемен, протестираа во свој стил во Киев, против посетата на Лукашенко.

Од протестите на Фемен во Киев