Одлука за завршување на надгледуваната независност на Косово

Меѓународната управувачка група за Косово денеска во Виена ќе донесе одлука од септември да престане да ја надгледува независноста на Косово, соопшти Меѓународната цивилна канцеларија во Приштина. Според косовските медиуми, таквата одлука ќе биде донесена и покрај тоа што пакетот на меѓународниот претставник Марти Ахтисари не е до крај исполнет.
На состанокот во Виена, меѓу другите ќе присуствуваат и косовскиот премиер Хашим Тачи и шефот на дипломатијата Енвер Хоџај.