Воени вежби во Иран

Елитната иранска Револуционерна гарда денеска почнува воени вежби на кои ќе бидат користени и ракети земја-земја. Како што јави иранската агенција Ирна, маневрите ќе бидат изведени во пустина во централниот дел на земјата и ќе траат три дена. Командантот на воздушните сили на гардата Али Хаџизадех изјави дека целта на вежбите е проценка на прецизноста и ефикасноста на боевите глави и на системот за гаѓање.
Иранските ракети „Шибаб-3“ имаат дострел од 2.000 километри и можат да бидат насочени кон Израел и делови на јужна Европа.