Техеран ќе троши резерви за да се справи со европското ембарго

Официјален Техеран соопшти дека ќе се бори против европското ембарго за иранската нафта со 150 милијари американски долари во странски резерви, кои ќе се употребат за ублажување на шоковите на банкарскиот и нафтениот сектор во Исламската република. Забраната за увоз на Иранска нафта стапи на сила денеска, како реакција на спорната иранска нуклеарна програма, за која постојат сомненија дека може да се употреби за производство на нуклеарно оружје. Техеран тврди дека не постојат такви планови.