Сиријската опозиција со критики за планот на Анан

од конференцијата во Женева

Сиријските опозициски групи го критикуваа планот подржан од Обединетите нации за политичка транзиција во Сирија. Член на Сиријскиот национален совет рече дека е навредливо да се мисли дека жителите на земјата може да преговараат со нивните убијци. Портпаролот на организацијата беше видно повнимателна со изјавата дека во планот има „неколку позитивни елементи“. Планот на меѓународниот пратеник за Сирија Кофи Анан беше прифатен на конференција во Женева во саботата. Со документот се предлага формирање на преодна влада во земјата. По инсистирање на Русија, конечниот план му дава можност и на актуелниот претседател да биде дел од привремен владин состав. Во меѓувреме, Сиријската обсерваторија за човекови права тврди дека над 20 лица загинале во немирите низ земјата денеска.