Груевски: Грчките налепници се недостоинствени

Останува на секој граѓанин да си процени како ќе се однесува со едно такво дрско и недостоинствено однесување од страна на Грција со лепењето налепници на регистарските таблички на возилата од Македонија, изјави премиерот Никола Груевски. „Тоа е од една страна, но од друга страна не ме изненадува Грците да почнат да им лепат и на чело на нашите граѓани по една таква налепница. Луѓето како да даваат се што е во нивна моќ да не доаѓаат туристи од Македонија во Грција“ рече премиерот.