Петмина загинати во Авганистан

Петмина цивили загинале во експлозија на бомба поставена покрај пат во источниот дел на Авганистан денеска, соопшти полицијата. Автобус полн со патници налетал на експлозивната направа утрово во близина на градот Газни. Единсесетмина се повредени а меѓу загинатите има жени и деца. За сега никој ја нема превземено одговорноста, иако полицијата смета дека бомбата ја поставиле „непријатели на Авганистан“, термин со кој често се опишуваат талибанските милитанти.