Груевски:Налепниците се дрски и недостоинствени

„Секој граѓанин треба да процени како ќе се однесува со едно такво дрско и недостоинствено однесување од страна на Грција“ изјави премиерот Груевски запрашан околу лепењето налепници на регистерските таблички на македонските возила при премин на границата кон соседната земја. „Луѓето како да даваат се од себе да не доаѓаат туристи од Македонија во Грција“, изјави Груевски при што информираше и дека од македонска страна е реагирано со протестна нота но дека од другата страна било одговорено оти тоа е дел од Спогодбата од 1995 година.