Инаугурација на новиот египетски претседател

Првиот демократски избран претседател на Египет ќе биде официјално инаугуриран. Мухамед Мурси ќе биде инаугуриран од страна на Уставниот суд, а не на парламентот што беше распуштен од страна на истиот суд претходно, овој месец. Мурси ќе положи заклетва пред поддржувачите на плоштадот Тахрир во Каиро.
Во пресрет на положувањето на заклетвата Мурси им се обрати на „Муслиманите и христијаните од Египет“ и вети „граѓанска, национална и правна држава“ ,изоставајќи да го спомене сонот за Муслиманското братсво.