Најлош до сега пожар во Колорадо

Две лица загинаа во пожарите што ја зафатија западната американска држава Колорадо. Во пожарите изгореа речиси 7000 хектари западно од Колорадо Спрингс, на 80 километри јужно од Денвер. Американскиот претседател Барак Обама вети федерална помош за Колорадо за санирање на штетите од најлошиот до сега шумски пожар што ја зафатил оваа држава. Причините за пожарот засега се неопознати.