Финалето Шпанија - Италија ќе го гледаат рекордни 250 милиони луѓе

УЕФА денеска најави дека очекува околу 250 милиони гледачи да го гледаат финалето на европското првенство во фудбал кое се игра во недела во Киев меѓу Шпанија и Италија. Маркетинг директорот на УЕФА Гај Лоран Епстин изјави дека очекува да биде надминат рекорд од минатото финале на ЕП кое го гледаа 237 милиони луѓе. Тоа значи дека тие треба да гледаат најмалку 30 минути од натпреварот. Инаку Епстин очекува 350 милиони луѓе да гледаат барем најмалку една минута од мечот.