Осуда од ОН за егзекуциите во Иран

Тројца специјални известувачи за Иран на Обединетите нации ги осудија неодамнешните егзекуции на ахвазиското малцинство во исламската република. Обвинетите не добиле фер судење по што добиле смртни казни и биле обесени кон почетокот на месецов. Четворицата биле уапсени за време на протест во провинцијата Хузестан и биле прогласени за „непријатели на Бога“.