Дачиќ: не ме интересира некаква „Небеска Србија“

Ја прифатив одговорноста и се ставив во служба на Србија, бидејќи не ме интересира некаква „небеска Србија“ и враќање во 90-те години, туку сегашноста и иднината на земјата, изјави лидерот на Социјалистичката партија на Србија (СПС) Ивица Дачиќ, откако српскиот претседател Томислав Николиќ му го довери мандатот да формира нова Влада. Дачиќ изјави дека како премиер ќе работи во интерес на народот и граѓаните и дека своите обврски ќе ги извршува одговорно и со одлучност сите проблеми да бидат решавани во интерес на граѓаните. Тој најави дека во текот на утрешниот ден ќе одржи средба со претставници на Српската напредна партија (СНС), а во следните денови и со останатите партии од идната владина коалиција, со цел да ги запознае со главните точки од програмата на идната Влада.