Дачиќ доби мандат за формирање на српска влада

Српскиот социјалистички лидер Ивица Дачиќ доби мандат од претседателот Томислав Николиќ за формирање на коалициска влада со националистичката Прогресивна партија. Потенцијалната национално-социјалистичка влада ќе го одбележи враќањето на социјалистите на власт, за прв пат по Слободан Милошевиќ.