12 загинати, 50 ранети во експлозии во Ирак

Во денешните бомбашки напади во Ирак загинале најмалку 12 лица, а 50-тина биле повредени. Автомобил бомба експлодирал во Багдад, при што 8 лица загинале, а 30 биле повредени, две слични експлозии имало и во местото Таџи, на 25 километри од Багдад, каде што загинале 2 лица, а уште две лица биле убиени во престрелка во Самара. Само во последниве две недели во различни инциденти во Ирак, настрадале околу 200 лица.