Оланд и Меркел за зајакнување на унијата

Франција и Германија сакаат да ја продлабочат економската и монетарната, а во иднина и политичката унија, изјави францускиот претседател Франсоа Оланд на средбата во Париз со германската канцеларка Ангела Меркел. Тој истакна дека многу очи сега се вперени во Европа и оти европските лидери сакаат да ја покажат поврзаноста, силата, единството и солидарноста.
Меркел рече дека ситуацијата е многу сериозна и оти европските претставници имаат обврска да изградат силна и стабилна Европа на иднината. Таа истакна дека е направен значаен напредок околу пактот за раст и изрази надеж дека тој ќе биде усвоен на самитот во Брисел.