Напад на провладин медиум во Сирија

Најмалку седуммина загинале во напад на зграда на провладина телевизија во Сирија, јавуваат медиумите. Според извештаите, вооружени напаѓачи упаднале во зградата на телевизиската станица „Икбарија“ во градот Друша, на 20 километри од Дамаск. Наводно тројца новинари и четворица стражари загинале во инцидентот. Станува збор за приватен медиум кој го подржува режимот на претседателот Башар Ал Асад.