Десетмина загинати во експлозии во Авганистан

Авганистанските власти велат дека најмалку 10 полицајци загинале во неколку експлозии на бомби поставени покрај пат од вчеравечер. Четворица загинале во провинцијата Хелманд кога експлодирала бомбата која се обидувале да ја деактивираат. Талибанските милитанти превземаа одговорност за експлозија на бомба покрај пат во провинцијата Кундуз, каде загинаа двајца полицајци. Четворица припадници на безбедносните сили загинале во заседа во провинцијата Херат.