Најголемата кипарска банка ќе бара парична помош

Најголемата банка на Кипар, денеска соопшти дека ќе побара државна помош од 500 милиони евра за до 30 јуни за да ги задоволи барањата за зголемување на нивото на својот капитал. Во соопштението на „Кипарска банка“, се наведува дека за нејзина докапитализација е потребно да добие вкупно 1,56 милијарди евра, но дека нема да успее да го обезбеди целосниот износ. Централната банка на Кипар, според тврдењето на „Кипарска банка“, го отфрлила нејзиното барање за продолжување на рокот за да биде во состојба да го обезбеди целосниот износ.