Лавров ќе присуствува на меѓународниот состанок за Сирија

Рускиот пратеник во Обединетите нации изјави дека рускиот министер за надворешни работи Сергеи Лавров се согласил да присуствува на меѓународен состанок во Женева на кој ќе се разговара за ситуацијата во Сирија на 30 јуни. Средбата во Женева ја организира специјалниот пратеник на Обединетите нации за Сирија Кофи Анан. Рускиот пратеник Витали Чуркин изјави дека потребни се поголеми напори во веска со влошената ситуација во земјата.