Кралицата Елизабета во посета на Северна Ирска

Британската кралица Елизабета е во дводневна посета на Севернна Ирска, каде ќе се сретне со поранешен командант на Ирската републиканска армија, попозната како ИРА, човек кој сега ја извршува функцијата заменик премиер на британската провинција. Средбата со Мартин мекГинис е закажана откако кралицата ќе го посети Енискилен, локација на која ИРА ги има извршено најлошите масакри во текот на тридецениското секташко насилство во провинцијата. Кралицата ќе се сретне со преживеаните од бомбашките напади од 1987 година, во кои загинаа 11 лица.