Македонски војвода на коњ „дојава“ во Кисела Вода

Споменик наречен „Македонски војвода на коњ“ е поставен денеска во општината Кисела Вода кај местото Чешма меѓу улиците Првомајска и Иван Козаров. Скулптурата, издигната на три и пол метарски постамернт чини околу 350.000 евра а тука е вклучен и хонорарот на авторот. Споменикот е леен во српската леарница „Јеремиќ“ а опозиционерите сметаат дека станува збор за Тодор Александров и обвинуваат дека владеачката партија се обидува да ја редефинира македонската историја со, како што велат, неодговорно трошење пари.