Обама по телефон со Монти и Самарас

Белата Куќа соопшти дека американскиот претседател Барак Обама телефонски разговарал со италијанскиот премиер Марио Монти за финансиската криза во Европа и за важноста од подршка на растот на економијата и стабилноста на евро-зоната. Обама исто така по телефон, разговарал и со грчкиот премиер Андонис Самарас, при што го повикал да соработува со европските и меѓународните институции околу спроведувањето на мерките за штедење.