Дел од министрите за финансии на ЕУ, на состанок во Париз

Министрите за финансии на Германија, Франција, Италија и Шпанија, ќе се состанат денеска во Париз, како подготовка на самитот на Европската Унија, кој е закажан за крајот на неделава. Главна тема се мерките за излез од финансиската криза во евро-зоната, за кои сеуште постојат разлики меѓу германската канцеларка Ангела Меркел и францускиот претседател Франсоа Оланд.