Путин се сретна со државниот врв на Израел

Рускиот претседател Владимир Путин и премиерот на Израел Бенјамин Нетанјаху

Конфликтот во Сирија и контроверзната иранска нуклеарна програма беа доминантни во агендата на рускиот претседател Владимир Путин, кој ја започна посетата на Израел. При пристигнувањето Путин му се придружи на претседателот Шимон Перес на церемонија за одбележување на победата на советската армија против нацистите во Втората светска војна.
Перес изјави дека е убеден оти Русија, која го победи фашизмот нема да дозволи денеска да се случат слични закани, како оние во Иран или Сирија. Путин оствари средба и со премиерот Бенјамин Нетанјаху.