Зголемена вредноста на доларот

Вредноста на доларот се зголеми поради ситуацијата во Кипар и Грција, како и поради сомнежите дека ЕУ ќе успее да се справи со кризата. Еврото забележа пад од 0,4 насто, а курсот на доларот во однос на еврото сега изнесува 1,2502 на два дена пред Самитот на ЕУ на кој ќе се разговара за начинот како да се стави крај на должничката криза.