Продлабочување на политичката криза во Кувајт

од протестите кои настанаа по информациите за пратеници кои примале поткуп

Парламентот во Кувајт ја достави одлуката за саморастпуштање до владетелот на заливската држава денеска, со што се продлабочи политичката криза во земјата, која е сојузник на Соединетите американски држави. Потегот следи откако судот во Кувајт ги поништи резултатите од последните парламентарни избори во земјата. Со одлуката на уставниот суд се наложи потребата за распуштање на парламентот кој беше формиран после изборите во фебруари. Во изминативе неколку години неколку владини состави беа распуштени во Кувајт, што ја има доведено земјата во политички ќор-сокак.